Мајка пријавила силување на 11-годишно девојче кое било во љубовна врска - eReporter
eReporter | Независна Новинска Агенција - eReporter.com.mk
понеделник, ноември 18, 2013 - 09:00
Повеќе од Вести
| | Големина на текст:   
| | | | | | |

Мајка пријавила силување на 11-годишно девојче кое било во љубовна врска

СКОПЈЕ / 15.11.13 / 15:49
Мајка од Битола пријавила во тамошната полиција дека нејзината 11-годишна ќерка била повеќе пати силувана.

Битолската полиција ја потврди пријавата, но не открива детали за случајот.

Електронското издание на „Нова Македонија“, повикувајќи се на свои извори, објави дека девојчето веќе подолго време било во љубовна врска со момче, кое е на возраст од 16 години.

Според овој извор, девојчето во придружба на две полицајки било донесено во Клиничката болница во Битола на преглед , при што гинекологот не утврдил никакви траги на насилство.

Иако, во Клиничката болница во Битола не сакале за весникот да дадат каква било информација за случајот, сепак , според нивни извори на кои се повикуваат, бил извршен детален гинеколошки преглед и не биле пронајдени траги на сексуален однос.

СВР Битола сега ја проверува изјавата на мајката.







| | | | | | | | |
Последни
Најчитани
Избор на Уредникот
powered by 1cm.com.mk - Web Development