Охриѓанец си ја реновирал куќата со пари од наивен Холанѓанец - eReporter
eReporter | Независна Новинска Агенција - eReporter.com.mk
среда, април 30, 2014 - 05:06
| | Големина на текст:   
| | | | | | |

Охриѓанец си ја реновирал куќата со пари од наивен Холанѓанец

ОХРИД / 18.12.10 / 14:16
Полицијата соопшти денеска дека привела 39-годишен охриѓанец осомничен дека измамил холандски државјанин со наводен бизнис со издавање куќа и луксузен апартман со што за себе остварил имотна корист од 237.150 евра.

Според полицијата,осомничениот Б.К. (39) со цел да го уреди својот дом, во мај 2009 година, му предложил на холандскиот државјанин да инвестира во реновирање и доградба на неговата куќа во Охрид, притоа ветувајки му поделба на куќата на пола а потоа куќата ќе требало да се издава на лица од француската амбасада за сума од 30.000 евра.

Во текот на летниот период лани, кога холандскиот државјанин дошол на одмор во Охрид, пријавениот го однел кај станбен објект во изградба, во близина на седиштето на општината, и му кажал дека имал намера да го купи последниот кат со површина од околу 142 метри квадратни и да го претвори во луксузен апартман кој ќе го издавал на странци од Турција и Франција. За да биде поубедителен, пријавениот го запознал оштетениот Холанѓанец со еден приватен стопанственик од Охрид претставувајки го како градител на објектот.

Доведен во заблуда дека со издавање на апартманот ќе стекнат приходи од 30.000 евра годишна кирија и дека апартманот ќе биде во целосно негова сопственост, холандскиот државјанин во неколку наврати на пријавениот Б.К. му дал вкупно 115.650 евра.

Со образложение полесно и побрзо да се издаде куќата и апартманот под кирија, пријавениот Б.К. од оштетениот побарал и мебел и уметнички дела за нивно опремување за што преку холандска компанија, му бил испорачан луксузен мебел, уметнички дела и антиквитети во вредност над 50.000 евра.

Полицијата соопшти дека против Б.К веќе се води судска постапка за кривично дело “бесправно градење“. Охриѓанецот зе запознач со холандскиот државјанин, идентификуван од полцијата со иницијали Ј.Ј во 2008 година преку е-маил контакти. Притоа на наивниот Холанѓанец лажно му се претставил дека е менаџер во Канада со своја куќа која ја продал заради студии како контролор на летање во Прага и дека во Охрид е значајна и почитувана личност./крај/(еР) ег


| | | | | | | | |
Последни
Најчитани
    Избор на Уредникот
    powered by 1cm.com.mk - Web Development