Перо Антиќ повтори – Повеќе нема да играм за Македонија - eReporter
eReporter | Независна Новинска Агенција - eReporter.com.mk
среда, април 30, 2014 - 04:08
| | Големина на текст:   
| | | | | | |

Перо Антиќ повтори – Повеќе нема да играм за Македонија

30.11.13 / 12:26
Македонскиот кошаркар Перо Антиќ повтори дека повеќе нема да игра за својата земја,
потврдувајќи ја со тоа одлуката која ја најави по завршувањето на ЕП во Словенија.

“Нема да играм веќе за Македонија“, рече Антиќ во интервју за шпанскиот весник “Марка’.

“Потребен му е одмор на моето тело.Од 2001 година наваму секое лето имав обрски кон мојата
репрезентација.Таквите напорни лета не се добра подготовка за настап во силните европски лиги или НБА“, рече Антиќ, кој од оваа сезона е член на НБА тимот на Атланта.

Антиќ изрази верување дека “луѓето во Македонија ја разбираат оваа моја одлука“.

“Исто така, додаде Антиќ, сакам повеќе време да минам со семејството, имам две деца, фамилија и одморот се две фундаментални работи за зачувување на кариерата, која влегува во
финална фаза“./крај/(еР)ег




| | | | | | | | |
Последни
Најчитани
    Избор на Уредникот
    powered by 1cm.com.mk - Web Development