Грција регистрираше прв случај на заболен од опасен вирус
АТИНА / 22.04.14 / 16:06
Грција денеска регистрираше прв случај на потенцијално фатална респираторна болест позната под името МЕРС (Middle East Respiratory Syndrome), а заболениот пациент е во критична состојба.
Министерството за здравство соопшти дека 69-годишен маж со грчко потекло се разболел во Саудиска Арабија, каде што работи и каде што се регистрирани најголем број од заболените од оваа болест.
МЕРС припаѓа на фамилијата коронавируси кои предизвикуваат настинка и САРС, односно тежок респираторен синдром кој беше причина што во 2003 година починаа околу 800 лица глобално.
Не постои вакцина, ниту терапија за МЕРС и се уште не се знае како болеста се пренесува.
Од септември 2012 година, Светскатра Здравствена Организација(СЗО) регистрираше најмалку 250 случаи на заболени од МЕРС, со вкупно 93 смртни случаи.