Ѕвездата на Х Фактор Харис Ќато полесно повреден во сообраќајка
САРАЕВО / 3.04.14 / 12:45
13-годишниот Харис Ќато, учесник во натпреварувањето на Х Фактор, доживеа сообраќајна несреќа.
Во момент на невнимание, на него налетал автомобил, но за среќа, младиот пејач кој го плени Балканот со прекрасниот глас, не е повреден.
„Тоа се случи во мојата улица во Сараево. За моја среќа, улицата не е прометна, а и човекот возеше со 20 километри на час. Јас не забележав дека автомобилот ми се приближува, бидејќи слушав музика на телелфон и имав слуѓалки во ушите. Паднав, ја повредив раката и имам модрици на нозете“, изјавил Ќато за весникот „Блиц“.
Откако го удрил автомобилот, тинејџерот отишол во Итната помош, а лекарите му советувале да става облоги и да се одмора.
„Сега сум прилично добро па, по три дена лежење, тргнав во училиште“, изјавил најлмадиот пулен на Емина Јаховиќ.