Завршен штрајкот на израелските дипломати
ТЕЛ АВИВ / 3.04.14 / 13:47
Вработените во израелското Министерство за надворешни рабити го завршија денеска штрајкот поради кој беа затворени сите амбасади на Израел ширум светот.
Поради овој штајк, како што јавуваат западните медиумиу, под знак прашање беше ставена и планираната посета на папата Франциско на Израел.
Портпаролот на Министерството Пол Хиршон изјави дека синоќа бил постигнат договор со Министерството за финансии, не не објави детали.
Амбасадата на Израел во Белград соошти дека од денеска е повторно отворена и оти продолжува со работа.
Вработените во израелското МНР стапија во штрајк во неделата барајќи пвисоки плати и подобри услови за сопружниците на дипломатите кои се откажуваат од своите кариери кога заминуваат со семејствата во странство.
Повеќе од 100 изралески амбасади и конзулати беа затворени за првпат во историјата на таа земја за време на овој штрајк.
Израелското МНР, меѓу другото, има задача да ги координира и посетите на странските официјални личности, а поради штајкот многумина се загрижија дека тој би можел да ја загрози и посетата на поглаварот на Римокатоличката црква на Израел планирана за крајот на мај.