Пандев го качи Интер на светскиот трон - eReporter
eReporter | Независна Новинска Агенција - eReporter.com.mk
среда, април 30, 2014 - 05:09
| | Големина на текст:   
| | | | | | |

Пандев го качи Интер на светскиот трон

АБУ ДАБИ / 18.12.10 / 20:32
Милански Интер ја освои титулата светски клупски првак триумфотвечерва во финалето во Абу Даби над африканскиот првак Мазембе со 3-0, апротвникот беше начнат уште на стартот од Горан Пандев.

Токму Македонецот го доведе актуелниот италијански и европски првак во водство веќе во 13 минута, а победата на Интер беше потврдена со головите на Самуел Ето (17м) и Џонатан Биабиани (87м), пренесува еРепортер.

Пандев, третиот Македонец во историјата кој стана светски првак со својот клуб, по Илија Најдовски и Дарко Панчев со Црвена ѕвезда во 1991, беше прогласен за играч на натпреварот во избор на читателите на познатиот интернет сајт goal.com.

Ова за Интер е трета титула светски првак, откако италијанскиот тим во 1964 и 1965 година го освојуваше Инетрконтиненталниот куп./крај/(еР) ег


| | | | | | | | |
Последни
Најчитани
    Избор на Уредникот
    powered by 1cm.com.mk - Web Development