ВИДЕО: Пукотници во американска воена база, четворица загинати - eReporter
eReporter | Независна Новинска Агенција - eReporter.com.mk
среда, април 30, 2014 - 04:41
| | Големина на текст:   
| | | | | | |

ВИДЕО: Пукотници во американска воена база, четворица загинати

ВАШИНГТОН / 3.04.14 / 11:42
Американски војник во воената база Форт Худ во Тексас убил четворица, а ранил и други 16 лица, по што извршил самоубиство, јавија американските медиуми.

Од повредените, најмалку четворица се во критична состојба, објавија болнички извори. Сите жртви се војници.

Нападот со огнено оружјe се случил околу 16 часот по локално време ( 01,00 часот според централноевропско време), во два различни дела од таа огромна база – единиот каде што се наоѓа медицинската бригада и другиот каде е сместен баталјонот за транспорт. Пукотниците траеле меѓу 10 и 15 минути.

Напаѓачот минал четири месеци во Ирак во 2011 година. Имал „психолошки проблеми“, посебно депресија од која се лекувал, изјавил генералот Марк Мили, командант на базата на конференцијата за новинари.

„Во овој момент нема индиции дека нападот бил поврзан со тероризам“, соопштил генералот.

Напаѓачот влегол во една зграда од базата и отворил оган, по што седнал во возила и повотоно пукал од полуавтоматска пушка „Смит и Весон“ со калибар од 45 милилиметри, што наводно ја купил во блиската продавница. Потоа излегол од возилото, влегол во друга зграда и повторно почнал да пука.

Силите за безбедност интервенирале брзо и една припадничка на воената полиција дошла до осомничениот кој во тој момент пукал во себе.

Името на војникот кој извршил самоубиство не е соопштено. Тој бил оженет и имал семејство, а бил префрлен во базата Форт Худ во февруари.

Оваа база, најголема во САД, останала блокирана повеќе часови, пред да бидат укинати безбедносните мерки.

Претседателот Барак Обама, во изјава од Чикаго, рекол дека овој настан „ги отвора раните и сеќавањето на она што се случило во Форд Худ пред пет години“.

Пред пет години, мајорот Нидал Хаса, во истата база, уби 13 лица.

„Очајни сме што таква една работа повторно може да се случи“, рекол Обама.

„Не знаеме што се случило вечерва, но очигледно е дека чувството на безбедност е уште еднаш нарушено“, додал американскиот претседател, додавајќи дека многу луѓе во таа база повеќе пати служеле во Ирак и Авганистан и дека би требало да се чувствуваат сигурни кога ќе дојдат дома.

Во Форт Худ на 5 ноември 2009 година, мајорот Нидал Хасан отворил оган во една лекарска соба во базата и убил 13 лица, од кои 12 војници, а ранил 30. Напаѓачот биеше совладан. Хасан, кој денеска е делумно парализиран, од страна на воениот суд беше осуден на смртна казна во август минатата година.

Во септември минатата година, поранешен припадник на американската воена морнарица Арон Алексис, влегол во комплексот на воената морнарица во Вашингтон каде што отворил оган и убил 12 лица и ранил осуммина, пред да биде застрелан од полицијата.




| | | | | | | | |
Последни
Најчитани
    Избор на Уредникот
    powered by 1cm.com.mk - Web Development