Мажите лажат двојно повеќе од жените
ЊУЈОРК / 17.12.10 / 13:54
Mажите лажат двојно повеќе од жените, главно поради тоа што мислат дека така ќе ја направат посреќна својата девојка, говорејќи и го тоа што таа сака да го слушне.
Жените пак, како што покажа најновата студија, лажат најчесто поради тоа што им е непријатно.
Според изреажувањето на лекарот Фил Мекроув, американски психолог, мажите додека не наполнат 60 години изговараат и до 100.000 лаги, додека жените половина помалку.
Според него, како што пренесува еРепортер, мажите во текот на денот изрекуваат и до шест лаги, додека жените просечно кажуваат три лаги дневно.
Мажите лажат заради тоа што сметаат дека така ќе го зачуваат здрав односто, но и заради тоа што сметаат дека нивните поубави половини порадо би слушнале добра лага отколку сурова вистина.
Жените, според лекарот, лажат од многу повеќе причини, но најчесто тоа го прават за да се извлечат од непријатна ситуација, или ако сметаат дека со лажење ќе ги заштитат чувствата на партнерите.
Најчести женски лаги:
1. Јас сум ОК, се е во ред!
2. Не тоа не е ново, го имам одамна.
3. Беше многу поволно, го купив на распродажба.
4. Ме боли главата
Најчести машки лаги:
1. Не се лутам, се е во ред.
2. Уште една пијачка и си одиме.
3. Воопшто не изгледаш дебела во тоа
4. Еве доаѓам веднаш, веќе трганав./крај/ (еР) тт