15 документарци за културното богатство на Македонија - eReporter
eReporter | Независна Новинска Агенција - eReporter.com.mk
среда, април 30, 2014 - 04:26
| | Големина на текст:   
| | | | | | |

15 документарци за културното богатство на Македонија

СКОПЈЕ / 17.12.10 / 17:01
Mултимедијален проект „Минатото денес“, преку 15 врвно изработени документарци и илустрирана брошура за најпознатите археолошки локалитети и храмови од историјата на Македонија беа промовирани денаска во Скопје.

Овој проект, како што пренесува еРепортер, го подготви Продукциската куќа „Њу Момент Видео Хаус“.

Трите ДВД-а и печатената брошурата, како што се наведува во соопштението, се презентациски материјал што е наменет пред се за странците во Македонија.

Филмовите и брошурата се преведени на четири јазика, аи изданието е поддржано од Министерството за култура и Управата за заштита на културното наследство.

Епизодите ја раскажуваат приказната за најдалечната историја на Македонија , со палеонтолошките наоди и фосилни остатоци.

Преку мултимедијалниот проект може да се доживее и ремек делото на природата – Куклица, старо речиси 10 милиони години.

Една од епизодите е наменета и за мегалитската опсерваторија Кокино од која некогашните жители на оваа територија ги посматрале движењата на Сонцето и Месечината.

Две епизоди се посветени за скопското Кале на кое се напласуваат повеќе истории од неолитската до средновековната.

Во видео запие е и приказната за антиката на македонска територија преку епизодите посветени на Стоби, Хераклеа и Стибера, како и богатото христијанско наследство преку епизодите за Плаошник, Св. Пантелејмон, Вељуса, Св. Јован Бигорски, Св. Спас и Св. Јоаким Осоговски.

Ориенталното наследство на Македонија е претставено преку обработка на Старата скопска чаршија.

На овој мултимедијален проект работеше екипа од околу 50 луѓе,вклучувајќи новинари, сценаристи, продуценти, режисер, врвни сниматели и постпродукциски професионалци.

Во сериите учествуваа околу 30 експерти, археолози, историчари на уметноста, биолози, палеонтолози, професори, географи, астрономи, теолози.

„Минатото денес“ е еден навистина успешно реализиран обид, документаристички прецизно и визуелно импресивно да се спојат историските мозаици на Македонија, да се презентираат барем дел од 5.160-те археолошки локалитети, 1.156-те цркви и манастири, 879-те објекти од старата градска архитектура, 112-те џамии, 10-те саат кули и многуте други примероци со непроценлива вредност кои ги поседуваме“, рече министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска. /крај/ (еР) со/тт




| | | | | | | | |
Последни
Најчитани
    Избор на Уредникот
    powered by 1cm.com.mk - Web Development