Филмската изведба на Андреа Бочели „Љубов во Портофино“ во Cineplexx на 8-ми март
СКОПЈЕ / 6.03.13 / 11:39
Премиерната изведба на екранизираниот концерт на Андреа Бочели „Љубов во Портофино“, домашната публика ќе има прилика да ја погледне во киното Cineplexx на 8. март .
Омилениот светски тенот Андреа Бочели за прв пат се појавува на големото платно со снимка од концертот „Љубов во Портофино“, која годинава ќе се прикаже низ светските кина.
Концертот е во продукција на Дејвид Фостер кој е награден за својот досегашен труд со вкупно 16 Греми награди. На овој концерт, снимен во август 2012 на плоштадот на едно од најубавите места на светот, Бочели направи интимна и многу романтична атмосфера.
Изведен за посебна публика на плоштадот Пјацета во Портофино „Андреа Бочели: љубов во Портофино“ ќе и овозможува на кино публиката да ги слушне најпознатите љубовни песни во изведба на најуспешниот солист на класична музика.
Во текот на таа вечер, Бочели на сцената го придружуваа и останати сензационални професионалци, виолинистката Керолајн Кембел, германската ѕвезда Хелен Фишер, бразилската пејачка и текстописец Сенди, трубачот Крис Боти и вереницата на Бочели, Вероника Берти, која му се придружи во дуетот „ Something stupid“. Овие фантастични изведувачи ги дополнуваше оркестар од 40 членови.
Ова кино доживување вклучува и ексклузивно интервју со Бочели, снимено во неговата родна земја.
„Настап на најчудесниот тенор во таква интимна атмосфера на залезот на сонцето во Портофино е нешто што не смее да се пропушти“, вели за овој филм Филипо Шугар, претставник на италијанската куќа Sugar Music.
Кино-доживувањето и овозможува единствено задоволство на широката публика, прилика да уживаат во најромантичните песни кои ги изведува најдобриот светски уметник, Андреа Бочели.
Филмот е прилика и да се слушне неговото размислување за љубовта и романсата во специјалното интервју.“