Промоција на книгата „Соборните храмови во Македонија од времето на преродбата“ - eReporter
eReporter | Независна Новинска Агенција - eReporter.com.mk
среда, април 30, 2014 - 05:26
| | Големина на текст:   
| | | | | | |

Промоција на книгата „Соборните храмови во Македонија од времето на преродбата“

СКОПЈЕ / 10.02.14 / 15:40
Во мултимедијалниот центар „Матица екслузив“ в среда (12 февруари) ќе биде промовирана колор-монографијата „Соборните храмови во Македонија од времето на преродбата“ од проф.д-р Димитар Ќорнаков, долгогодишен истражувач на богатото културно наследство на Македонија.

За вредностите на ова ретко дело ќе говори проф.д-р Ратомир Гроздановски.

Соборните храмови во Македонија од времето на Преродбата, заземаат значајно место во културната историја на Македонија. Тие се споменици на културата со извонредни историско-уметнички вредности, исполнети со богати содржини: архитектура, фрескоживопис, иконопис и резбарски дела.

Димитар Ќорнаков ( Стојаково, 1927) е автор на монографските дела: „Творештвото на мијачките резбари на Балканот од крајот на 18 век“, „Македонска резба“, „Македонски манастири“, „Резбарски центри во Македонија“, „Петре Гарката“, „Од Првиот грев до Страшниот суд“, „Цркви и манастири во Тиквешијата“, „Копаничарот Макариј од Галичник“, „Полошки манастир Св.Ѓорѓи“, „Слимнички манстир“, „Царски двери“, „Копаничасот Димитар Станишев од Крушево“ , „Од Рождество до Распетие и Воскресение“ и др.

За своето творештво е добитник на бројни општествени признанија и награди, а во 2008 година му беше доделена наградата „Св. Климент Охридски“ за животно дело.

Книгата ќе биде промовирана на 12 февруари во 12 часот во мултимедијалниот центар „Матица екслузив“ .



| | | | | | | | |
Последни
Најчитани
    Избор на Уредникот
    powered by 1cm.com.mk - Web Development