CINEPLEXX од утре со три нови филмски претстави - eReporter
eReporter | Независна Новинска Агенција - eReporter.com.mk
среда, април 30, 2014 - 05:00
| | Големина на текст:   
| | | | | | |

CINEPLEXX од утре со три нови филмски претстави

СКОПЈЕ / 6.02.13 / 20:27
Љубителите на филмот утре на кино репертоарот на Cineplexx ќе можат да погледнат три нови светски остварувања.

Новиот филм на Жак Одијар со Марион Котијар во главната улога, филмот „Рѓа и коски“ ќе биде биде прикажан во три дневни термини. Станува збор за драма исполнета со многу љубов и емоции.

Али се сели на југот на Франција за да се грижи за синот што едвај го познава. Се вселува во гаражата на сестра си и се вработува како обезбедување во локалниот ноќен клуб. Таму ја запознава Стефани, прекрасна самоуверена жена што работи како тренер на китови убијци.... За него филмските критичари изјавуваат: „Визуелно секој момент од филмот е прекрасен и поетичен“ - Hollywood Reporter „Филм полн со страст, остра сила и одлична глума“ - Los Angeles Times

Оваа недела на реператоларот на Cineplexx е резервиран и термин за филмот „Жешки тела“. Станува збор за интерпретација на една класична љубовна приказна која покажува колку е моќна една љубовна врска. По зомби епидемијата, Р, многу необичен зомби, ја наоѓа Џули, девојка која е преживеана и ја спасува од следниот напад. Помеѓу Џули и Р се создава некоја посебна врска. Двајцата се трудат да преживеат и покрај нивната различност.

Cineplexx од утре ќе почне да го прикажува и филмот со познатитот акционен јунак, Арнолд Шварценегер, „Последната битка“.

Станува збор за првиот американски филм на корејскиот режисер Ким Џи-Вун.

По неуспешната акција во борбата против наркотиците и губењето на партнерот, Реј Овенс (Шварценегер), со голема тага и грижа на совест го напушта своето полициско одделение во Лос Анџелес за да стане шериф на малиот град на американската граница со Мексико.

Иако се чини дека неговата работа ќе биде мирна, тој ќе биде присилен да го лови еден од најопасните и најбараните нарко босови, кој побегнал од конвој со затвореници на ФБИ.



| | | | | | | | |
Последни
Најчитани
    Избор на Уредникот
    powered by 1cm.com.mk - Web Development