Словенија се кае за преголемите очекувања од ЕУ - eReporter
eReporter | Независна Новинска Агенција - eReporter.com.mk
среда, април 30, 2014 - 03:33
| | Големина на текст:   
| | | | | | |

Словенија се кае за преголемите очекувања од ЕУ

ЉУБЉАНА / 18.12.10 / 12:17
Тешкотиите со кои се соочува Словенија, меѓу другото, се резултат на преголемите очекувања од членството во Европската унија (ЕУ) изјави денеска словенечкиот претседател Данило Турк.

Според него, две големи грешки кои биле направени по создавањето на словенечката држава се преобемната денационализацијата, и моделот на приватизација кој создал “тајкуни“’, но уште подлабок проблем биле преголемите очекувања од времето на подготовките за членството во ЕУ.

“Тогаш неосновано се очекуваше дека ЕУ со своите правила ќе ни го олесни нашиот развој. Поради тоа , некои проблеми ги занемаривме или ги ставивме под тепих, а тоа и денес се чувствува“, рече Турк во традиционалното предновогодишно интервју за словенечкиот весник “Дело“, пренесува еРепортер.

“Премногу се потпиравме на Европската унија која сега и самата е во проблеми“, рече Турк, додавајќи дека најмногу го загружива тоа што Словенците денес не се “ментално подготвени“ на промени како што тоа беше пред дваесет години, во време на осамостојувањето./крај/(еР) ег




| | | | | | | | |
Последни
Најчитани
    Избор на Уредникот
    powered by 1cm.com.mk - Web Development