Србија: Уапсени членови на меѓународна банда
БЕЛГРАД / 26.02.14 / 14:47
Српската полиција уапси двајца Британци и еден Мароканец во Крагуевас, осомничени дека се членови на меѓународна криминална банда.
Оваа група се сомничи дека оштетиле голем број граѓани од државите на ЕУ за најмалку 1,6 милиони фунти.
Ним на товар им се става измама, перење пари, производство и преподажба на дрога, а српското МВР за сега нема податови дали припадниците на оваа криминална организција извршиле криминал во Србија и оштетиле граѓани или компании.
Тројцата странци беа уапсени во рамки на меѓународна полициска акција која почнала вчера во САД, Велика Британија, Шпанија и Србија.
Во полициското соопштение се наведува дека во акцијата во овие земји биле уапсени најмалку 89 луѓе, членови на криминална организација, а еден од организаторите на оваа група бил и човекот со иницијали С.Г (53), кој е уапсен во Крагуевац.
Полициски службеници од Лондон неодамна допатувале во Србија да им дадат логистичка поддршка на колегите од Србија.
Во соопштението, како што јавуваат српските медиуми, се додава дека при претрес на еден од становите во кои претсојувале двајца припадници на групата, била откриена лабораторија за производство на марихуана, две ваги за прецизно мерење, семе за одгледување марихуана, како и десет пакетчиња наменети, најверојтано, за продажба.