ВИДЕО: Виенскиот бал се претвори во катастрофа за Ким Кардашијан - eReporter
eReporter | Независна Новинска Агенција - eReporter.com.mk
среда, март 05, 2014 - 20:02
| | Големина на текст:   
| | | | | | |

ВИДЕО: Виенскиот бал се претвори во катастрофа за Ким Кардашијан

ВИЕНА / 1.03.14 / 08:56
Ѕвездата на ријалити програмата Ким Кардашијан лута го напуштила познатиот Виенски бал, а милијардерот, чија придружничка му беше таа, ја опишал како „досадна“.

Милијардерот Ричард Лугнер, кој платил половина милион долари за КИм Кардашијан да му биде придружничка на свечениот бал во Виена, се пожалил дека ријалити ѕвездата била „досадна личност“, која дури „нитусакала да игра со него“.

Лугнер не бил воопшто задоволен од својата придружничка и смета дека таа не ги исполнила условите што биле договорени.

Лугнер изјавил:„Ким ми ме досадна и ми оди на живци, бидејќи не сака да го прави она што се договоривме“.

Сајтовите за забава пишуваат дека Ким била всушност таа која налутено го напуштила балот.

Според некои сајтови, милијардерот се однесувал нападно и агресивно, настојувајќи да остане сам со Ким.

Тој наовдно очекувал дека Ким и нејзината мајка Крис Џенер ќе бидат цело време покрај него, но ријалити ѕвездите заминале во еден ресторан да снимаат сцени за нивното шоу.

„Ким снима и не ме сека покрај неа. Мојата придружничка треба да биде покрај мене, а не на некое друго место. Така не се договоривме“, им изјави Лугнер на група новинари.

Дополнително ја разлутило однесувањето на еден маж кој се обидувал да го имитира нејзиниот вереник Кање Вест, појавувајќи се со маска на црномурест маж.

Чашата ја прелеало тоа што друг маж изрекол расистички коментар поради што ријалити ѕвездата го напуштила балот.

Според пишувањето на ТМЗ, мажот и понудил на Ким да игра со него ако оркестарот
засвири „црнечки“ во Виена, реферирајќи на песната на Кање Вест „црнечки во Париз“. Наводно, мажот подоцна и се извинил на Кардашијан.







| | | | | | | | |
Последни
Најчитани
Избор на Уредникот
powered by 1cm.com.mk - Web Development