Шуга се шири низ Скопје - eReporter
eReporter | Независна Новинска Агенција - eReporter.com.mk
петок, март 07, 2014 - 11:37
| | Големина на текст:   
| | | | | | |

Шуга се шири низ Скопје

СКОПЈЕ / 4.03.14 / 12:09
Шуга се шири низ Скопје, предупредуваат од скопските амбуланти и Клиниката за
дерматологија.

Специјалистите за кожни болести наведуваат дека голем број пациенти, кои ги мачи чешање, бараат медицинска помош мислејќи дека имаат имаат алергина, но всушност сеработи за шуга.

Скопски „Дневник“ пишува дека во престолнината месечно се дијагностицираат најмалку десет случаи на шуга.

Шугата е заразна болест што ја пренесува паразит на површинскиот дел од кожата. Ја пренесува паразитот со име Sarcoptes scabiei. Паразитот се наоѓа во иние делови на телото каде има малку лојни жлезди бидејќи секрецијата на маснотиите негатовно влијае на
животот и размножувањето на паразитот.

Најчест извор на зараза е лицето кое е на крај на инкубацијата бидејќи се уште нема изразени симптопми на болеста, како и болниот со јасно изразени симптоми на шуга.

Болеста се пренесува од човек на човек при долготраен близок контакт, најчесто тоа е во кругот на семејството, а се пренесува преку алишта, облека, постелнина, полов акт, спиење во ист кревет ...

Густината на сместувањето и нискиот хигиенски стандард овозможуваат лесно пренесување на болеста и нејзино одржување.

Редовното одржување лична хигиена не го сперечува добивањето шуга ако здравото лице е во постојан контакт со болниот.

За клиничката слика за шугата укажува интензивното чешање што се зголемува ноќе и во топлина, додека дење тегобите се поблаги. Се појавуваат ситни канали (ровови- сивкасто-црни линии на кожата) најчето меѓу прстите на дланката, рачниот зглоб, подлактицата, лактите и пазувите, на долната страна од стомакот, на внатрешната страна од бедрата , на дојките околу брадавиците, на полните органи и на долната страна од задникот.

Исто така се појавуваат и точкести промени, како осип, а во потешки случаи на болеста и мозолчиња на зафатеното подрачје.

Главата, лицето, вратот, дланките и табаните кај децата, исто така можат да бидат зафатени, додека кај возрасните шугата на е карактеристично да се појави на овие делови.

Поради чешањето и гребењето на кожата, можно е да настанат и секундарни бактериски инфекции.

Дијагнозата се поставува на основа на присутните клинички тегоби, а се потврдува со доказ на предизвикувачот ( микроскопски) во иструган материјал со свежи сомнителни промени.

Шугата се лекува со антипаразитски средства и е потребно строго придржување на упатот на лекарите.

Според медиуумите, само во текот на минатата годинаво Македонија се заразиле 125 пациенти - деца на возраст од над една година, но и постари од 60 години.

За да се заштитите од шугата, се препорачува проветрување, носење чиста облека, која не смее да се менува со други луѓе и често менување на постелнината.



| | | | | | | | |
Последни
Избор на Уредникот
powered by 1cm.com.mk - Web Development