ЕУ Парламентот реши: Незаконски стекнатите пари се враќаат во националните економии - eReporter
eReporter | Независна Новинска Агенција - eReporter.com.mk
четврток, март 06, 2014 - 07:36
| | Големина на текст:   
| | | | | | |

ЕУ Парламентот реши: Незаконски стекнатите пари се враќаат во националните економии

СТРАЗБУР / 26.02.14 / 00:02
Следењето на тековите на незаконски стекнатите пари и заплената е можеби поважна од самиот прогон на криминалците. Имено, денеска помалку од еден насто од парите стекнати со криминални дејанија се враќаат во националните економии.

Водени од овие податоци, европските парламентарци токму на денешен ден ги изгласаа новите правила со чија помош ќе биде полесно да се замрзне и заплени илегално стекнатиот имот на територијата на цела ЕУ.

Нацрт-законот бара од државите членки да овозможат одземање на криминалниот имот по правоснажна пресуда. Тоа исто така ќе им овозможи на властите да го запленат имотот, дури и ако осомничениот или обвинетиот е болен или е во бегство, на приомер, по пат на „постапка во отсуство“.

Новите правила ќе им овозможат на државите членки да го одземат имотот стекнат низ злостѕорсатва како во случаи на активна и пасивна корупција во приватниот сектор,пото корупција во која учествуваат службеници на институциите на Европската унија или од државите членки на ЕУ, учество во злосторничка организавија, детска порнографија или кибернетички (сајбер) криминал.

Одземањето на имотот е можно и во случај на стекнување имотна корист, кога третата страна знаела за негово незаконско потекло, или - во недостиг на такво сознание, разумна личност во таква ситуација да се посомневала дека неговото потекло е сомнително, на темел на факти и други фактори.

За цел на што е можно поефикасна борба против криминалните организации и тешките облици криминал, а во склад со стекнатото искуство, државите членки би требало во своето кривично законодавство да воведат кривично дело на чија основа би го казнувале и гонеле однесувањето чија цел е привидно да се пренесе сопственоста и располагањето со имот на трети лица, за да се избегнат мерки на заплена и одземање. Се предлага примерно да се казнува и помошта дадена при извршување на такво казнено дело.






| | | | | | | | |
Последни
Избор на Уредникот
powered by 1cm.com.mk - Web Development