Шкотска: „Здраво, јас сум Владимир Путин и ова пиво не е за гејови“ - eReporter
eReporter | Независна Новинска Агенција - eReporter.com.mk
среда, март 05, 2014 - 20:01
| | Големина на текст:   
| | | | | | |

Шкотска: „Здраво, јас сум Владимир Путин и ова пиво не е за гејови“

ЕДИНБУРГ / 26.02.14 / 15:03
Една шкотска пиварница лансираше пиво „што не е за гејови“, во знак на протест упатен на анти-геј законите на Владимир Путин, а како што се тврди, нему не му е упатени ниту гајба пиво.

Ограничената серија пиво под името „Здрaво, моето име е Владимир“, е обележана со етикета на која во стил на Ворхол се наоѓа приказ на Владимир Путин со шминка и сатирична порака „не е за гејови“.

Пиварницата BrewDog на етикетата го ставила и следниот опис: „Здраво, моето име е Владимир. Јас сум 100 насто хетеросексуалец и ќе донесам закони за тоа да го докажам. Пиејќи ме мене, добивате енергија, незнаењето и догматизмот се потребни да убиете елен (без маица) и да донесете дисккриминирачки закони (со или без мациа) пред воопшто да стасате да појадувате кавијар“.

Ова пиво во продажба се најде малку пред почетокот на зимските Олимписки игри во Сочи како вид на протест против законите кои се однесуваат на хомосексуалната популација.

Пиварницата прати сандак пиво во Кремљ, како и на адреса на руската амбасада во Лондон.

„Иако се уште не сме добиле одговор, тоа е веројатно затоа што Путин некаде гали леопард, веројатно без маица, па нема време да ни се јави“, соопштија од пиварницата.

„Добивме голема поддршка на социјалните мрежи и луѓето ја поддржуваат нашата цел. Овие закони што се донесени во Русија ги спречуваат луѓето да го живеат својот вистински живот и затоа решивме дека нема да седиме со скрстени раце и дека нема да го соопштиме нашето мислење во врска со тоа“, изјави Џејмс Ват, еден од основачите на пиварницата.

Половина од заработката од продажбата на пивото е наменета за добротворни организации кои ги поддржуваат угнетените малцински групи.



| | | | | | | | |
Последни
Најчитани
Избор на Уредникот
powered by 1cm.com.mk - Web Development