Парламентот се самораспушти заради предвремените парламентарни избори - eReporter
eReporter | Независна Новинска Агенција - eReporter.com.mk
недела, март 09, 2014 - 04:23
| | Големина на текст:   
| | | | | | |

Парламентот се самораспушти заради предвремените парламентарни избори

СКОПЈЕ / 5.03.14 / 14:20
Македонскиот парламент денеска се самораспушти пред одржувањето на предверемени парламентарни избори планирани за 27 април годинава, една година пред редовниот рок.

Предвремените избори што денеска ги поддржаа сите 117 присутни пратеници, беа иницирани од помалиот партнер во владата на премиерот Никола Груевски, Демократската унија за интеграции (ДУИ), откако владејачката ВМРО-ДПМНЕ не се согласи на барањето на ДУИ за утврдување заеднички претседателски кандидат.

ДУИ не се согласи со тоа актуелниот шеф на државата Ѓорге Иванов да добие уште еден претседателски мандат, додека ВМРО го обвини својот коалиционен партнер за „уценување“ , додавајќиу дека нивна цел е „шретседателските избори да пропаднат и потоа да се иницираат промени на Уставот според кои идниот претседател ќе се избира во парламентот“.

На партиската конвенција изминатиот викенд, владејаќката ВМРО-ДПМНЕ го поддржа актуелниот претседател за свој кандидат на престојните претседателски избори закажани за 13 април.

Според најавите, превремените парламентарни избори ќе се совпаднат со вториот круг гласање за претседател, што ќе се одржи на 27 април.

Ова ќе бидат осми парламентарни избори откако земјата прогласи независност во 1991 година. Ова се трети предвремени општи избори откако ВМРО, што го предводи Никола Груевски, ја освои власта во 2006 година.






| | | | | | | | |
Последни
Избор на Уредникот
powered by 1cm.com.mk - Web Development