Иванов прифати да учествува во трката за втор претседателски мандат - eReporter
eReporter | Независна Новинска Агенција - eReporter.com.mk
четврток, март 06, 2014 - 07:29
| | Големина на текст:   
| | | | | | |

Иванов прифати да учествува во трката за втор претседателски мандат

СКОПЈЕ / 25.02.14 / 14:59
Претседателот Ѓорге Иванов соопшти денеска дека ја прифаќа иницијативата за учество во трката за втор претседателски мандат.

Оваа иницијатива ја покренаа група интелектуалци, кои со свои потписи дада поддршка на кандидатурата на Иванов за претседател.

„Со чест и задоволство сакам да изјава дека донесов одлука да ја прифатам иницијативата за мое кандидирање за претседател на РМ и дека ќе ја поднесам мојата кандидатура на конвенцијата на ВМРО - ДПМНЕ за избор на кандидат за претседател на Македонија“, рече Иванов, соопштувајќи ја одлуката во својата резиденција

Во своето обраќање тој напомена дека „во својот мандат секогаш бил близок со народот и покрај тоа што некои гледале со иронија и потсмев на таа блискост“.

Иницијативата за негово повторно кандидирање ја потпиша повеќе од 50 политичари, доктори, акладемици, свештени лица и спортисти.

Потписниците на иницијативата ја повикаа владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Иванов на партиската конвенција закажана за 1 март годинава.

Своја кандидатура до владејачката партија поднесе и професор Јове Кекеносвски.




| | | | | | | | |
Последни
Избор на Уредникот
powered by 1cm.com.mk - Web Development