Анима Мунди: Трајановски да ја смени одлуката за волонтерите за животни - eReporter
eReporter | Независна Новинска Агенција - eReporter.com.mk
недела, март 09, 2014 - 04:22
| | Големина на текст:   
| | | | | | |

Анима Мунди: Трајановски да ја смени одлуката за волонтерите за животни

СКОПЈЕ / 18.02.14 / 16:16
Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ го повика скопскиот градоначалник Коце Трајановски да ја ревидира планираната одлука за комунален ред која предвидува казни за луѓето кои волонтираат за вдомунавање и чување на бездомни животни.

„Посочуваме дека предлог одредбите на град Скопје се скандалозни за сите оние кои ги сакаат животните и се грижат за нив – кои преку својот волонтеризам и грижа заживотните придонесуваат на градот, помагаат и се од суштинска важност да бездомните животни бидат со контролиран здравствен статус, стерилизирани, вакцинирани, мирни и сити“ , се вели во соопштението на „Анима Мунди“

Ова здружение смета дека е „скандалозно е да градот ги казнува тие луѓе кои толку многу придонесуваат, и се де факто клучна алка во мерките за намалување на бројката бездомни животни - а да при тоа не нуди никакви одговори, мерки и решенија кои ќе влијаат врз коренот на проблемот со бездомните животни“.

„Анима Мунди“ го потсетува скопскиот градоначалник дека слична одлука „не постои во нашето соседство, а за Европа и да не спомнуваме - таму кучиња се возат и во јавен превоз, дозволен им е влез во трговски центри и ресторани, дури и болници“.

„Секаде во Европа луѓето кои со сопствени ресурси помагаат и се грижат за бездомните животни се вклучуваат, почитуваат и вреднуваат за нивната помош која е клучна за да се намали и контролира бројката бездомни кучиња на улиците - а нашиот град Скопје истите тие луѓе ќе категоризира како престапници, дискредитира, омаловажува и казнува. Тоа нема да го дозволиме!“ се вели во соопштението.

„Анима Мунди“ , според наводите во соопштението, на скопскиот градоначлник му нуди предлог-измени на одлуката.

„Она што го бараме од Вас е да не се избрзува со Одлуката чиј предлагач сте Вие, а како седницата на Советот за разгледување на одлуката е закажана за утре, потребно ни е Ваше навремено произнесување како ќе постапите“, се вели во соопштението.





| | | | | | | | |
Последни
Избор на Уредникот
powered by 1cm.com.mk - Web Development