Од недела почнува „Porta Jazz Festival” во Битола - eReporter
eReporter | Независна Новинска Агенција - eReporter.com.mk
петок, март 07, 2014 - 02:37
| | Големина на текст:   
| | | | | | |

Од недела почнува „Porta Jazz Festival” во Битола

БИТОЛА / 25.02.14 / 14:28
Градот под Пелистер ќе биде домаќин на првиот „Porta Jazz Festival”, кој од 28 февруари до 2 март, на едно место ќе ги собере врвните имиња на македонската и светската џез сцена.

На тридневниот фестивал, битолската публика ќе може да ги види и чуе Тони Китановски трио, Алек Секуловски, Сашо Поповски, Оливер Јосифовски, Sethstad, Jazzobell Quintet и Кубанецот Оскар Салас и Американецот Дејв Вилсон.

Организаторот на фестивалот Влатко Христовски – Дадо изјави дека “Porta jazz fest” ќе биде настан кој ќе ја слави пред се националната џез сцена и кој ќе се обиде на едно место да ги собере најдобрите македонски џезери и нивните љубители.

„Сред напливот на шунд и неквалитет со кој се соочуваме секојдневно, со овој настан ќе се обидеме да направиме уште еден донкихотски обид да ја потсетиме публиката кои се музичките вредности што и дома звучат светски“, изјави Влатко Христовски – Дадо.

Фестивалот ќе го отвори големиот промотор на џез културата во Македонија, Оливер Белопета.

Покрај музичките настапи пред публиката, програмата на фестивалот ќе вклучува џез работилиници и проекции на филмови.

Локацијата на настанот во Битола ќе биде култниот клуб „Porta Jazz“, препознатлив како деценсико урбано уточиште на добриот звук и трајните културни вредности.

Генерален спонзор на настанот е “Божиновски часовници”.






| | | | | | | | |
Последни
Избор на Уредникот
powered by 1cm.com.mk - Web Development