Берлускони покренува неделник посветен на папата
МИЛАНО / 4.03.14 / 16:04
Откако беше избран за нов поглавар на Римокатоличката црква, папата Франциско се најде на насловнит страници на стотици списанија и магазини, а сега ќе добие и неделник само за себе.
Издавачката куќа Мандадори, меѓи чии изданија е и популарниот трачерски весник „Ки“,соопшти денеска дека ќе покрене нов магазин што целосно ќе биде посветен на неделните активности, животот и изјавите на римокатоличкиот поглавар.
„Мојот папа“, што ќе се продава по цена од поливна евро, ќе се појави на киосците оваа среда, а секоја недела купувачите со весникот ќе добиваат и постер со една од највпечатливите реченици што папа ја изговорил во текот на изминатата недела.
Уреникот на весникот Алдо Витали изјави дека изборот на Франциско поттикнал нов интерес за црквата, како и за моралните и етички теми што ќе се најдат во списанието.
Со куќата Мадори, која е дел од медиумското царство на Берлускони, управува ќерката на поранешниот италијански премиер, Марина Берлускони.