Јанукович во руска поморска база?
КИЕВ / 24.02.14 / 22:49
Украинските медиуми јавија дека претседателот Виктор Јанукович по кој е издадена потерница за апсење, се наоѓа во руската поморска база во Севастолол.
ТВ каналот АТР јави дека за Јанукович бил подготвени десентниот брод на црноморската флота РФ, со кој тој наводно ќе се упати кон Русија.
Украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков претходно рече дека Јанукович, по одлуката на парламентот за негова смена во саботата, тргнал кон воениот аеродром Белбек на Крим, но оти се откажал и заминал во друга насока по сознанијата дека таму го чека новоименуваниот шеф на полицијата и државните безбедносни служби.
Објавувајќи дека по Јанукович е издаден налог за апсење, Аваков наведе дека Јанукович во својата приватна резиденција во регфионот Балаклава на Крим, го собрал своето обезбеднување и ги прашал дали сакаат да останат со него.
Некои решиле да го напуптат и зеле оружје што не е никаде официјално регистирано за да им го предадат на властите на Крим, рече Аваков.
Со преостанатите телохранители, Јанукович и уште еден негов соработник, замиле од резиденцијата во Балклава „со три автомобили кон непозната дестинација, гаснејќи ги сите системи на комуникации“, рече Аваков.
Јанукович во саботата се обиде да ја напушти Украина со приватен авион, а портпаролот на украинската гранична служба Сергеј Астахов им изјави на новинарите дека неговите помошници при таа прилика се обиделе да ги подмитат припадниците на граничната полиција, што тие го одбиле.
Претседателот на украинската Врховна рад Олександер Турчинов привремено ја презеде претседателската функција откако во саботата парламентот изгласа отповикување на Виктор Јанукович и распиша парламентарни избори за 25 мај.
Рускиот премиер Дмитри Медведев, како што потсетуваат западните агенции, претходно изјави дека е „ мошне дискутабилен легитимитетот на новите власти во Киев, кои до власт дојдоа по вооружена побуна“. По оваа изјава од Москва стигна и остро соопштение на Министерството за надворешни работи во кое се изразува загриженост поради ситуацијата во Украина.