Најсмешните писма испратени до Дедо Мраз - eReporter
eReporter | Независна Новинска Агенција - eReporter.com.mk
среда, април 30, 2014 - 04:40
| | Големина на текст:   
| | | | | | |

Најсмешните писма испратени до Дедо Мраз

СТОКХОЛМ / 17.12.10 / 15:53
Mногу поштенски сандачиња ширум Скандинавија деновиве се буквално затрупани со детски писма адресирани до најсаканиот дедо на светот.

Само норвешката поштенска служба, како што пренесува еРепортер, секоја година добива повеќе од 30.000 писма од деца, полни со надежи, желби, смешни но и смели барања.

Годинава девојчето Елси му напиша на Дедо Мраз дека сака да има колбаси за јадење секоја вечер, во текот на целата година.

Натан сака да довие пајак за миленик и го прашува Дедо Мраз дали може да дојде во локалната продавница за миленици за да ја подмири сметката.
Вајолет посака повеќе никогаш да не и се направи дупка во забот за безгрижно да може да јаде слатки цела година.

Дејна стави на хартија желба дека сака за секогаш да остане девојче од 12 години, Клаудија бара до Дедо Мраз да отвори ИКЕА и да ја ја вработат во нивниот дуќан кога ќе порасне/

Дијана бара од најсаканиот и дедо да ја направи да биде поубава од нејзината најдобра пријателка Сабрина која и се фали дека е поубава од неа./крај/ (еР) тт




| | | | | | | | |
Последни
Најчитани
    Избор на Уредникот
    powered by 1cm.com.mk - Web Development