Енди Мареј ја отвори вратата на својот луксузен хотел
ДАНБЛАНЕ / 2.04.14 / 00:08
Британскиот тенисер Енди Мареј, актуелен освојувач на Вимблдон, ја отвори вратата на својот луксузен хотел за гости, во близина на својот роден град Данблане во Шкотска.
Мареј минатата година го купи Cromlix House, летниковец изграден во викторијански стил 1874 година кој во почетокот бил семејна резиденција, но подоцна е претворен во хотел. Во овој хотел, Мареј бил венчан кум на својот брат Џејми во 2010 година, кој е исто така тенисер.
Хотелот беше затворен 2011 година, а минатата година го купил Мареј, претворајќи го во луксузен хотел со пет ѕвезди, во кој се наоѓаат 15 спални соби.
„Со повторно воспоставувањењ на Комиликс како водечки хотел во срцето на заедницата Данблане, ќе бидеме во состојба да привлечеме нови посетители на тоа подрачје, да создадеме низа нови работни места и да се фокусираме на поддршка на други локални фирми. Драго ми е што на овој начин моам да и вратам нешто на заедницата во која израснав“, изјави Мареј.