Паника во светот:Исчезнаа 750.000 биткоини - eReporter
eReporter | Независна Новинска Агенција - eReporter.com.mk
четврток, март 06, 2014 - 15:49
| | Големина на текст:   
| | | | | | |

Паника во светот:Исчезнаа 750.000 биткоини

ТОКИО / 25.02.14 / 18:13
Биткоинот претрпе жесток удар откако исчезна водечкиот сајт за трговија со виртуелни валути MtGox. Воедно се зборува и за исчезнување на 750.000 биткоини.

На познатата адреса mtgox.com се отвора сосема празна страница, што значи дека во моменто нема ниту милионски депозити од корисниците ширум светот.

И Твитер налогот на MtGox исто така е целосно исчистен, а други големи играчи од биткоин сферата се огласија со соопштение во кое наведуваат дека „во секое жито има плевел“. Тоа, како што наведува британски „Гардијан“ беше доволно за паника и пад на биткоинот за повеќе од 20 насто.

Низ интеренет, според весникот, кружи документ чија автентичност не е потврдена, со наводно „кризна стратегија“ на компанијата MtGox во која се споменува кражба на дури 750.000 биткоини (со моментна вредност од 380 милиони долари), која од јавноста се крие веќе речиси три години.

Весникот потестува дека извршниот директор на компанијата Марк Карпелес во неделата поднел оставка во управниот одбор на „Биткоин фондацијата“, која се занимава со промоција на оваа криптовалута.

Наводниот кризен документ, содржи тврдења дека огромни загуби биле забележани во 2011 година и дека е последица на истиот „проблем са трансакциите“, кој ја принуди компанијата да го блокира повлекувањето на биткоинот од почетокот на овој месец.

Овој настан дополнително ја собори вредноста на валутата која на својот врв беше разменувана по единица за суми поголеми и од 1.000 долари, па по падот од 22 насто, биткоинот од 581 долар се спушти на 437 долари по единица.

Ширум интернет можат да се најдат исповеди на многу довчерашни милионери, чии депозити останале заробени во новонастанатата „белина“, односно празната страничка на сајотот MtGox.



| | | | | | | | |
Последни
Избор на Уредникот
powered by 1cm.com.mk - Web Development