Имотот на Мандела вреден 4 милиони долари
ЈОХАНЕСБУРГ / 3.02.14 / 14:30
Вредноста на имотот на поранешниот претседател на Јужноафриканската Република Нелсон Мандела се проценува од над 4 милиони долари, изјави денеска еден од тројцата извршители на неговиот тестамент.
Судијата Дикганг Монесеке рече дека откако тестаментот бил јавно прочитан, Мандела зад себе оставил имот вреден нешто повеќе од 4 милиони мдолари.
Тој објаснил дека дел од имотот е наменет за школување на деца во училиштетот каде учел Мендела, а дел ќе и припадне на организацијата Африкански национален конгрес која се бореше за правата на мнозинското црнечко население, а чиј член беше легендарниот претседател.
Монесеке навел даке дел од имотот ќе добијат и членови на неговото семејство, како и личниот персонал.
Тестаментот е прочитан во Јоханесбург, во Фондот Нелсон Мандела, што тој го основал.
Мендела почина на 5 декември минатата година.