Почина брилјантниот актер Филип Сејмор Хофман, колегите шокирани
ЊУЈОРК / 3.02.14 / 14:38
Брилјатниот американски актер и добитник на највисокото филмско признание, Филип Сејмор Хофман синоќа беше најден мртов во својот стан во Њујорк.
Американските медиуми јавуваат дека актерот бил најден во бањата со игла забодена во раката.
Официјални претставници сметаат дека причина за смртта е предозираност. Хофман никогаш не криел дека е зависник и повеќе спати се обидувал да се излекува преку програми за одвикнување.
По апстиненција од 23 години, во интервју минатата година тој призна дека повторно потклекнал на зависноста и оти има проблеми со хероинот, поради што повторно се пријавил на програма за рехабилитација.
Колегите и почитувачите на неговото дело со тага и шокираност реагираа на смртта на овој актерски великан.
„Зборовите не можат да го опишат губитокот што сите го чувствуваме. Филип беше прекрасна личост и исклучителен талент“, порачаа членовите на екипата на вториот дел од филмот „Игра на гладта“.
„Филип беше прекрасна, прекрасна душа. За оние почувстителните меѓу нас, вревата е нокогаш пшреголема“, напиша Џим Кери на Твитер.
„Немам зборови. Беше толку голем, а ние сме толку потресени“, пораша Мајк Николс, кој го режираше филмот „Војната на Чарли Вилсон“ и претставата „Смртта на трговскиот патник“, во кои Хофман настапи.
Кевин Спејси изјави дека е „трагедија да се изгуби вондредно талентиран актер“. „Ова е неопслива загуба за филмот, театарот и сите кои го познаваа“, изјави Спејси.