ВИДЕО: Бродоломец кој повеќе од една година луташе низ океанот- Сакав да се убијам! - eReporter
eReporter | Независна Новинска Агенција - eReporter.com.mk
четврток, март 06, 2014 - 15:40
| | Големина на текст:   
| | | | | | |

ВИДЕО: Бродоломец кој повеќе од една година луташе низ океанот- Сакав да се убијам!

ЊУЈОРК / 3.02.14 / 23:06
Мексиканецот Хозе Салвадор Алваренга е бродоломец чиј брод минатата недела се насука на коралниот гребен Ебон, по повеќе од една година лутање низ Пацификот.

37-годишниот Хозе се уште е збунет поради се што му се случува и за првпат се обиде детаљно да опише што му се случило. Првобитно се мислело дека тој е изгубен во океанот повеќе од 16 месеци, а сега е утврдено дека на своето неочекувано долго патување тргнал кон крајот на декември 2012 година.

Тогаш тој се упатил на еднодневен лов на ајкули со пријателот Езекиел. Моторот на нивното бротче наеднаш престанал да работи. Тие минале неколку денови плутајќи во близина на брегот во надеж дека ќе се насукаат , но наскоро морските струи ги одвелке кон пацифичката шир. Езекиел умрел четири месеци потоа.

Хозе вели дека токму тогаш сакал да се убие. „Четири денови размислував за тоа да се убијам, но не сакав да почувствувам болка. Не можев тоа да го сторам. Не знаев ниту колку е часот, кој ден е, ниту дата. Знаев само за сонце и ноќ. Не видов копно, само океан. Чист океан. Беше мошне мирно цело време, само два дена минаа со големи бранови“, раскажува Хозе.

Тој раскажал дека се хранел со животни што ги ловел, а во период без дождоби ја пиел сопствената урина за да преживее.

По повеќе месеци лутање, неговото бротче се насукало. „Токму кога убив птица за нешто да каснам, наеднаш видов дрвја. Заплакав! Дојдов до брегот и заспав. Кога се разбудив, случнав петел, видов кокошки и мала куќа. Две жени, доморотки, нешто викаа“, го опишува Хозе моментот кога морето го вратило на копно.

По повеќе од една година лутање низ океанот, Хозе бил најден на Маршаловите острови за кои, признава, никогаш не слушнал.

Тој се наоѓа во неочекувано добра здравствена состојба со оглед на се што преживеал.




| | | | | | | | |
Последни
Избор на Уредникот
powered by 1cm.com.mk - Web Development