Штрајк со глад за одбрана на името - eReporter
eReporter | Независна Новинска Агенција - eReporter.com.mk
среда, април 30, 2014 - 05:16
| | Големина на текст:   
| | | | | | |

Штрајк со глад за одбрана на името

СКОПЈЕ / 17.12.10 / 23:39
Штрајк со глад како симболичен гест за обрана на се што е македонско започнаа вечерва група од 30-тина граѓани.

Тие вечерва во библиотеката „Браќа Миладиновци“ во Скопје започнаа 24-часовен штрајк со глад во обид да застанат простум во битката за зачувување на македонскиот идентитет и името на државата.

Ова не е не ништо за нас, никому ова нема да му биде тешко/ Целта е онаа што сите нас не води“, изјави Борис Видевски член на организационен одбор за Телевизијата Канал 5.

Тој повгтори дека зад оваа иницијатива не стојат политички партии и ги повика и другите граѓани да им се приклучат во штрајкот.

„Ние сме Македонци. Нашите предци се Македонци. Нашата држава вековно била Македонија и мора да остане Македонија. Ние не ги повикавме политичарите, туку индивидуите. Побаравме секој човек овде во Македонија, дури и на 24 часа својата професија, политичка припадност да ја стави на страна и онаков каков што се прибира дома кога ги гледа своите деца, своите родители, таков да се приклучи на штрајкот,“, порача Видевски.

Според него, ова е прв предупредувачки штрајк со глад, а најавени се и други акции што ќе траат подолго.

Со овој чин организаторите очекуваат дека ќе го привлечат вниманието на меѓународната јавност поинаку да го третира пороблемот со името на Македонија./крај/ (еР) тт




| | | | | | | | |
Последни
Најчитани
    Избор на Уредникот
    powered by 1cm.com.mk - Web Development