|
|
|
|
среда, април 30, 2014 - 04:26
|
|
|
Се создава ли нов фашизам во ЕУ?
ЗАГРЕБ / 2.04.14 / 10:13
Подготовките за европските избори во Хрватска главно минуваат во знак на ситни политикантски пресметики, Главни теми се маргинални локални збиднувања.
Но, старите членки на Унијата мака мачат во пресметка со баучот на евроскептицизмот. Победник на изборите во Холандија лесно би можело да стане Партијата за слобода на Геерт Вилдерс. На изборите за Европски парламент во Франција, според предвидувањата на анкетите, Националниот фронт на Ле Пен ќе освои околу 20 проценти од гласовите.
Уште поголем успех во Италија би можело да забележи движењето Пет ѕвезди на Бепе Грил. Своето влијани во Европскиот парламент дополнително би можела да го зајакне англиската Партија на независноста, што ја предводи Најџел Фараге. Во Европскиот парламент, според прогнозите, ќе влезат дури и германските евроскептици од партијата Алтернатива за Германија, на која и недостигаа само мал број гласови своите претставници да ги внесе во Бундестагот.
Токму овој факт претставува посебна причина за загриженост, напиша во освртот за магазинот World Today Ханс Кундани, директор на Европскиот совет за меѓународни односи. Германија која оправдано се смета за мотор што ја покренува Европската унија, до сега не била претерано подложна на евроскептични идеји.
„Една од европските земји во кои евроскептичните партии немаат двоцифрена подржа во истражувањата на јавното мислење е Германија, можеби најважната држава за определување на еверопската иднина. Од почетокот на европската криза постоеше консензус – отелотворен во ликот на Ангела Меркел – дека „повеќе Европа е решение на проблемот“, напипа Кундани.
Според него, тој консензус престанува да постои. Германските интелектуалци се се погласни во бунтот против Европската Унија. Критиките доаѓааат од двете страни на политичкиот спектар – левицата и десницата. „Во земјата во каја јавните интелектуалци се и натаму мошне влијателни, тоа на крајот би можело да има и значително поголемо влијание од она што може да ја оствари партијата на германските евроскептици.
Иако германската владејчка каста се обидува оваа партија да ја претстави како партија на радикалната десница, тие по своите идеи и ставови сепак не можат да се споредат со шовинистички движења какви што ги предводат Вилдерс и Ле Пен. Сепак, причина за загриженост секако постои – скепсата кон Европската унија сама за себе може да претставува легитимна политичка платформа, но останатите идеји, коги воглавно се врзуваат за најсините евроскептични партии во ЕУ тешко можат да се окарактеризираат некако поинаку освен како фашизам.
„Фобијата кон непознатото, кон странците е традиционална појава. Тие кои негуваат такви идеи сметаат дека странците ги нарушуваат традиционалните вредности на животот, културата, стереотипите за животот на западен начин. Тука првенствено се работи за имигранти кои доаѓаат од Блискиот исток и од северна Африка. Силно изразената економска криза ги зајакнува старите стравови, кои перманентно живеат во 10 до 15 насто од избирачкото тело што се определува за такви рестриктивни односи кон странците. Ним странците им се виновни што немаат ранота, затоа што се намалува вредноста на трудот, затоа што со својот стил на живот го поништуваат она што го сметаат за вредно“, вели Јарослав Печник, експерт за тоталитарни режими во изјавата за хрватскиот портал Индекс.
Таквото избирачко тело, објаснува Печник, во кризни ситуации се собира околу оние лидеи кои им нудат задоволувачки решенија и кои предупредуваат на тие фиктивни опасности. „Тие се уверени дека со своето однесување го птитат најдоброто од Европа, а всушност го покажуваат најгрдото лице на Европа“, вели Печник.
Во секое општество, според него, постојат околу 10 проценти од луѓето кои се наклонети кон шовинистички и ксенофобични идеи.
„Ако заедницата е во криза, тие идеи кои во неа се перманентно присутни излегуваат на површина од маргините и стапуваат во центарот на збиднувањата“, вели Печник кој ова тврдење гто илустрира со примерот на скандинавските земји во кои радикалната десница исто така е во подем, иако се работи за традиционално демократска и отворена средина.
Евроскептицизмот меѓу жителите на ЕУ не е нова појава. Но до неодамна не беше дел од „меинстрим-филозофијата“. Минатогодишното истражување на Евробарометар покажа дека тоа е сменето – дури 60 проеценти од граѓаните на ЕУ повеќе не и веруваат на обединета Европа, ниту на нејзините институции. Во речиси сите развиени европски држави повеќе од половина од популацијата немаат доверба во Европа.
Во Германија 61 насто од жителите немаат доверба во ЕУ, во Австрија 55 насто, во Финска 54, во Франција 57, во Италија 61, во Холандија 58, во Полска 51, во Португалија 61, во Шведска 60, во Словенија 63, во Обединетото Кралство 68... Во Шпанија дури 75 насто од граѓаните не и веруваат на Европа.
Рекордер е секако Грција, каде 80 насто од жителите на јужниот сосед немаат доверба во ЕУ.
|
|
powered by
|
|
|