|
|
|
|
среда, април 30, 2014 - 03:45
|
|
|
Репортер е независна, приватна новинска агенција, основана од група ентузијасти во Македонија во јануари 2010 година, со цел да ги сочува и продолжи да ги промовира стандардите на професионалното и непристрасно новинарство. Сопственици на агенцијата се Александра Милевска Петровска, Мирјана Стојановска, Емил Гашевски, Илија Лопарски и Константин Тесторидес, новинари од Скопје.
- Репортер, кој во електронска форма ќе се појавува под името „еРепортер“, ги прифаќа и ќе се придржува на принципите на професионално новинарство и кодексот што ги пропишуваат Меѓународната федерација на новинарите (IFJ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).
- Репортер, како основа на своето постоење, ја има вистината и правото на луѓето да ја знаат вистината.
- Во извршувањето на таа должност, Репортер се раководи од слободата на чесен избор и објавување вести.
- Репортер известува секогаш и само во склад со фактите за кои новинарот го знае изворот и со сиот свој интегритет ја гарантира нивната точност, при што не ја премолчува суштината и не ги фалсификува податоците.
- Репортер нема да отстапи од принципот само на фер начин да ги добива вестите, сликите или податоците.
- Репортер ќе објави исправка за секоја информација што ќе ја објави, доколку се утврди дека таа била во целост или делумно неточна.
- Репортер има обврска да ја сочува тајноста на изворот на информации доколку тие му биле дадени во доверба и ги штити своите новинари кои, гарантирајќи ја точноста на информациите, мораат да ја бранат таа професионална обврска.
- Репортер ја отфрла дискриминацијата на расна, верска, национална, јазична, полова, сексуална, идеолошка, политичка, социјална и секаква друга основа.
- Репортер за непростлив грев го смета разгорувањето омраза меѓу луѓето на која било основа, но и лошите намери, плагијатот, фалсификатот, искривувањето на вистината, клеветата, навредите, неоснованите обвинувања, примањето поткуп во каков било облик, како и сите други нечесни дејствија.
- Репортер дејствува во општите рамки на законите, дури и тогаш кога не се согласува со нив, но во професионалните работи, како конечен, го признава само судот на професијата и го исклучува секое мешање на државата, владата или кој било друг.
- Репортер соработува со сите влијателни приватни и владини медиуми во Македонија, како и со асоцијациите и мрежите на локалните електронски и пишани медиуми.
- Репортер се самофинансира и работи на основа на пазарни принципи.
|
|
powered by
|
|
|