Ванковска останува во трката за потписи, демантирано нејзиното откажување - eReporter
eReporter | Независна Новинска Агенција - eReporter.com.mk
четврток, март 06, 2014 - 03:58
| | Големина на текст:   
| | | | | | |

Ванковска останува во трката за потписи, демантирано нејзиното откажување

СКОПЈЕ / 26.02.14 / 15:26
Тимот на професор Билјана Ванковска денеска ја демнатираше веста дека таа ја прекинува трката за собирање потписи, укаживајќи дека станува збор за „потег што треба да ги обесхрабри граѓаните“.

„Најостро ја демантираме таа дезинформација, заснована на наводна објава на Фејсбук.Цениме дека станува збор за потег насочен кон обесхрабрување на граѓаните кои во овие преостанати пет дена сакаат да го дадат својот потпис за кандидатурата на проф. Ванковска“, се вели во соопштението.

Тимот на Ванковска додава дека списоците за собирање потписи остануваат во канцелариите на ДИК се до самиот крај, на 2 март (недела) до полноќ, кога истекува законскиот рок.

Професор Ванковска конечниот резултат ќе го објави лично по собирањето на сите списоци дистрибуирани низ Републиката, се вели во соопштението.






| | | | | | | | |
Последни
Избор на Уредникот
powered by 1cm.com.mk - Web Development