Патувачкото кино на „МакеДокс“ тргнува за Преспа
Скопје / 7.08.13 / 12:29
МакеДокс утре го почнува патувањето со своето документарно кино во девет населени места во преспанскиот регион.
Веќе четврта година по ред, летото во Македонија започнува со филмските приказни на „МакеДокс“ во Скопје, а завршува со Патувачкото кино низ Македонија.
Годинава, Патувачкото кино на „МакеДокс“ патува за Преспанско, крај преполн со селца и сончеви денови, прекрасна архитектура и недопрени природни убавини, неверојатни легенди
и превкусни специјалитети. Но пред сè, патува затоа што гостопримливите преспанци одамна не гледале никаков филм на кино, а уште помалку документарен филм сретсело, соопштуваат организаторите.
Патувачкото кино „МакеДокс“ е придонес во децентрализацијата на културните случувања во Македонија, особено меѓу оние коишто немале можност да седат пред големото филмско платно.
Патувачкото кино ќе патува од 8. до 18. август и ќе застане во осум преспански селца и гратчиња: Стење (8 август), Царев Двор (9 август), Езерани (11 август), Ресен (12
август), Подмочани/Грнчари (14 август), Сливница (15 август), Љубојно (17
август) и Долно Дупени (18 август). Проекциите започнуваат во 21.00 часот./крај/