Македонија дел од најголемиот детски филмски фестивал - “Џифони филм фестивал” - eReporter
eReporter | Независна Новинска Агенција - eReporter.com.mk
среда, април 30, 2014 - 05:03
| | Големина на текст:   
| | | | | | |

Македонија дел од најголемиот детски филмски фестивал - “Џифони филм фестивал”

СКОПЈЕ / 6.03.13 / 15:43
Клаудио Губитози, уметнички директор на најголемиот детски филмски фестивал “Џифони” од Италија, минатата недела престојуваше во посета на Македонија по повод одлуката за оддржување на првото издание на Џифони Македонија.

“Џифони филм фестивал” е основан како Маѓународен фестивал за филм за деца, со мисија: промоција и вреднување на посебни производи од областа на културата, и со својата 43-годишна традиција е своевиден бренд на Италија и италијанската култура. Остварувајќи ја првичната идеја донесување на светот во Џифони, го глобализираат брендот и го носат Џифони во светот.

Клаудио Губитози за време на престојот во Македонија се сретна со сите релевантни претставници за реализација на “Џифони- Македонија”.

Според соопштението , во наредниот период треба да биде потпишана спогодба помеѓу “Џифони филм фестивал” и Филмскиот фонд на Р.Македонија за период од три години (2013 год.-2015 год.) со која ќе биде дефинирана взаемната соработка и активносите.

Клаудио Губитози, директорот на “Џифони филм фестивал” одлучи брендот “Џифони” за прв пат да го довери бесплатно на Македонија, со одговорност на Филмскиот фонд да се грижи за правилна и успешна презентација и реализација на целиот концепт. Тој се решил на ова откако се уверил во ентузијазмот, професионалноста и поддршката која ја даваат сите релевантни институции, како и довербата што тој ја стекнал во Филмскиот фонд, г-динот

“Џифони филм фестивал”, како што се наведува во соопштението, одлучи позицијата Уметнички директор да ја извршува Иво Антов, додека позицијата Извршен директор ќе ја извршува Елена Величковска, а Претседател на фестивалот да биде Катерина Сотирова.

За 20 денови, На 27 Мај 2013 год. ќе биде одржан т.н. “Ден на Џифони” преку кој
македонската публика и младите ќе бидат запознаени со концептот на “Џифони филм фестивал” и активностите кои се дел од него.

Фестивалот “Џифони” во Италија од 19-28 јули оваа година ќе прифати поголема делегација од Македонија, во која покрај поголема група на деца од различни возрасти и студенти кои ќе учествуваат на работилниците и ќе се подготвуваат да бидат дел од тимот за реализација на “Џифони Македонија” кој ќе се оддржи во период од 20-27 Октомври 2013 год.



| | | | | | | | |
Последни
Најчитани
    Избор на Уредникот
    powered by 1cm.com.mk - Web Development