Милион долари нудени на Киро Глигоров за промена на името Македонија
СКОПЈЕ / 17.12.10 / 13:21
Поранешниот македонски министер за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски со посредство на свои луѓе од полицијата во име на неидентификувани Грци му понудил на поранешниот македонски претседател Киро Глигоров милион долари во преговорите со Грција да се откаже од уставното име на држаавата.
Весникот „Бизнис“, како што објавува порталот Сараево-Х, пишува дека Фрчкоски му понудил на Глигоров тие пари да бидат депонирани во која било банка во светот.
Според тврдење на весникот, полицијата во 2002 година против Фрчкоски поднесла кривична пријава за злоупотреба на службената позиција и овластување, а постоело и барање за негово притворање.
Врз основа на таа кривична пријава, Фрчкоски во текот на 1993 и 1994 године прво не сакал да постапи по бројни устни барања на тогашниот претседател Киро Глигоров и го одобрил незаконитиот престој во Скопје на шефот на грчката разузнувачка служба Николас Грилакис, кој нааводно побегнал од својата земја под закана од кривично гонење од новиот грчки режим.
Незаконито и без пријава, азил или статус на бегалец, Грилакис бесправно се криел во еден стан на МВР во Скопје, а Глигоров стравувал да не се дознае за тој случај и да не се создаде меѓудржавен проблем.
Во пријавата се наведува дека Фрчкоски направил четири противправни обиди во посредување да се корумпира претседателот Глигоров, со намера да се наруши неговиот дигнитет, да се причини нематеријална штета на граѓаните и да се загроозат државниот поредок, суверенитет и територијалниот интегритет на Македонија.
Глигоров наводно го предупредил Фрчкоски дека престојот на Грилакис во Скопје може да биде фатален за Македонија.
Поранешниот македонски претседател сметал дека тоа моше да им наштети на односите меѓу двете држави и поради тоа го советувал Фрчкоски да го откаже гостопримството на Грилакис и да го префрли во некоја друга држава, пишува венискот „Бизнис“.
Фрчкоски одбил да ги изврши наредбите на Глигоров, се обидел да посредува понудувјќи му на претседателот во име на Грилакис 100.000 долари и подароци, скаапоцена мфора извлечена од некој потонат брод од Егејското море и скапоцен часовник со златна белегзија.
Глигоров ги одбил подароците.
Според кривичната пријава што е објавена во весникот, Фрчкоски, откако не успеал во првиот обид, преку свои луѓе во претседателскиот кабинет му понудил на Глигоров милион долари доколку Македонија во преговорите со Грција се откаже од уставното име. Глигоров го отфрлил и тој предлог.
Поранешнниот македонски претседател во својата книга на мемоарски записи „Македонија е се што имаме“, објавена во 2001 година, го опишува обидот да биде корумпиран со милион долари./крај/ (еР) са/х/тт