Британците во паника поради продажба на посмртната маска на Наполеон
ЛОНДОН / 14.11.13 / 21:07
Гипсeната посмртна маска на Наполеон е продадена за 175,000 фунти на купувач надвор од Велика Британија, па оттаму британското министерство донело одлука за забрана на извоз на оваа вредна маска.
Оваа маска одамна ја купил потомок на братот на вистинскиот сопственик на маската, свештеникот Ричард Бојс. Тој бил свештеник на Света Елена каде францускиот император умрел.
Маската од Наполен на смртната постела ја земал британскиот хирург Френсис Бартон.
Одлуката за забрана на извозот британските власти ја донеле за да се оневозможи маската да ја купи некој надвор од Велика Британија.
„Чувството дека сте во близина на таква маска е неверојатно. Можеме да го видиме самиот Наполеон, неговата харизма, дури и смртта“, изјави Лесли Вебстер, членка на владиниот Одбор која го советувала министерот за култура Ед Ваизеј да донесе таква одлука.
Доколку се пронајде таков купувач од Британија, тој има рок до 14 јануари 2014 година да уплати износ од 175.000 фунти за маската да остане во Велика Британија.
Внатре во маската е впишан натпис „Оваа одливка е земена од лицето на Наполеон Бонапарта по неговата смрт на Света Елена на 7.април 1821 година, што јас го потврдувам/ R. Boys M.A.Sen.r Chaplain/ By Rubidge“.