Марија Шерифовиќ најавува заминување од Србија?
БЕЛГРАД / 13.11.13 / 23:59
Сето она што ги интересирало луѓето за животот на Марија Шерифовиќ, јавноста ќе има можност да го види и слушне на големото платно и тоа во филмот „Исповед“ (Исповест), кој претставува нејзина автобиографија.
Во овој документарец, пејачката, како што објавува порталот „Пресс“ пренесувајќи го текстот на магазинот „Ало“, ја открива и причината поради која таа ќе ја напушти Србија.
Иако нејзината популарност значително зе зголемила по натпреварувањето на Евросонг, Шерифовиќ е разочарана бидејќи со тоа, како што открива во документарецот, ништо не добила. Во овој филм таа наведува дека од родната земја си заминува бидејќи поединци ја користеле и неа и нејзините финансии.
„Марија долго работеше на овој документарец и е презадоволна со крајниот производ. Филмот опишува одделни сегменти од нејзиниот живот, вклучувајќи го и оној кога победила на еврпското музичко натпреварување“, вели извор близок на пејачката кој имал можност да го види документарецот.
Според него, кога Марија победила на Евросонг, „токму тогаш се зголемила нејзината популарност, но таа наишла на низа разочарувања“.
„Иако многу ја сака својата земји, таа донесе одлука да се отсели од Србија, а во документарецот открива и зошто. Од својата земја по Евросонг, не добила ништо, ниту финансиски, ниту деловно. Куп луѓе во нејзиниот живот само ја користеле неа и нејзините финансии и доживеала брдо разочарувања“, вели истиот извор.
Документарецот на Марија Шерифовиќ се состои од осум приказни кои ги имаат насловите „Вистина“ (Истина), „Спасение“ (Спасење), „Победа“, „Простување“ (Опроштај), „Верба“ (Вера), „Енергија“, „Судбина“ и „Тајна“. Почетните букви од овие зборови го даваат насловот на филмот - Исповест.
Шерифовиќ, според наведениот извор, овој документарец премиерно ќе го претстави на 27 ноември во Големата сала на „Сава“ Центарот, а до тогаш нема да се огласува во јавноста.
Во овој филм таа; според изворот, ќе открие и некои од најголемите тајни во нејзиниот живот и ќе ги запре шпекулациите за нејзината сексуална определба.