Силно невреме ја зафати Хрватска, загина еден маж - eReporter
eReporter | Независна Новинска Агенција - eReporter.com.mk
понеделник, ноември 18, 2013 - 13:02
| | Големина на текст:   
| | | | | | |

Силно невреме ја зафати Хрватска, загина еден маж

Загреб / 11.11.13 / 14:58
Оркански ветер од синоќа ја зафати речиси целата територија на Хрватска, предизвикувајќи проблеми во сообраќајот, а во невремето загина еден маж, врз кого се урнало дрво.

Силниот ветер проследен со обилни дождови, како што јавуваат локалните медиуми, буквално носел се’ пред себе. Најчеста слика во главниот град Загреб се искорнати дрвја, паднати врз автомобили, како и паднати електрични столбови.

Во големото невреме загина 46 годишен маж од вараждинската жупанија, врз кого се урнало дрво.

Големото невреме го погоди и северниот дел на Хрватска, особено Риека, каде силниот ветер успеал да подигне еден пожарникар од земја и да го фрли на една од блиските згради, но то поминал без сериозни повреди.

Временските услови, според метеоролозите, ќе се стабилизираат во наредните 24 часа. Силни ветрови и во текот на овој ден ќе дуваат долж Јадранското крајбрежје, а од северниот дел на Хрватска, силниот ветер се спушти и кон Далмација. Подобрување на времето ќе има во копнениот дел на Хрватска.



| | | | | | | | |
Последни
Најчитани
Избор на Уредникот
powered by 1cm.com.mk - Web Development