Ѓоковиќ го намали заостатокот во однос на Надал - eReporter
eReporter | Независна Новинска Агенција - eReporter.com.mk
понеделник, ноември 18, 2013 - 13:02
| | Големина на текст:   
| | | | | | |

Ѓоковиќ го намали заостатокот во однос на Надал

ЛОНДОН / 12.11.13 / 14:12
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ го намали заостатокот во однос на прворангираниот Шпанец, Рафаел Надал на најновата АТП ранг листа.

По триумфот на завршниот мастерс во Лондон синоќа, Ѓоковиќ собра 12.110 поени, само 910 помалку во однос на Надал.

Српскиот тенисер до крајот на сезоната нема да може да го престигне Надал, но ќе може да ја намали разликата за уште 200 поени, под услов да забележи две победи во финалето на Дејвис купот против Чешка.

Трет на листата е и натаму Шпанецот Давид Ферер со 5.800 поени, а по него следат Британецот Енди Мареј и Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро, додека Швајцарецот Роже Федерер се врати на шестото место пред Чехот Тмоаш Бердих.

Од останатите српски тенисери, Јанко Типсаревиќ ја задржа 36 позиција на светот со 1.130 поени, додека Виктор Троицки, и покрај суспензијата, повторно напредуваше за едно место и сега е 76 тенисер на светот со 660 поени.




| | | | | | | | |
Последни
Најчитани
Избор на Уредникот
powered by 1cm.com.mk - Web Development