Загинаа двајца браќа ракометари на Партизан
БЕЛГРАД / 15.09.13 / 15:07
Ракометари од помладата категорија на Ракометниот клуб Партизан, браќата Јеврем Поповиќ (16) и Игњат Поповиќ (18) загинале денеска во сообраќајна несреќа на Ибраска магистрала, јавија српските медиуми.
Несреќата сеслучила во селото Заграѓе во подножјето на планината Рудник, а покрај браќата кои починале на местото на несреќата, загинала и жената која управувала со возилото.
Полицијата потврдила дека до несреќата дошло кога патничкото возило „југо“ со белградски регистерски таблички, со кое од насока на Белград управувала В.С. (44) , од неутврдени причини минало на спротивната страна од коловозот и директно се судрило со товарно возило „Сканија“ со новопазарски регистрациси таблички со кое управувал А.З.
(37) од Крушевац.
Ракометниот клуб Партизан длабоко жали за загубата на двете момчиња и поради неделата на жалост, што ќе трае до петок, ги одлага натпреварите од сите категории.
Игњат Поповиќ како голман ги минал сите селекции на Партизан, а неговиот помлад брат Јеврем со години освојувал титули на најдобар играч на домашната лига. Тој бил и пионерски репрезентативец на Србија, играч во кој се полагале големи надежи.