ВИДЕО: Со пет години станала најмладата мајка на светот
ЛИМА / 15.09.13 / 15:23
Најмладата мајка на светот е Индијанката Лина Медина, од подножјето на Алпите, која 1939 година со навршени само пет години, родила дете.
Во архивите стои дека во болницата во Перу влегла Индијанка која за рака водела срамежливо девојче со невообичаено голем стомак. Ги замолила лекарите од неа да ги истраат лоѓите духови што ја обземале. Лекарот прво помислил дека девојчето има тумор на стомакот, но подоцна дошол до вчудовидувачки заклучок дека девојчето било во осмиот месец од бременоста.
Еден месец подоцна, на 15 мај 1939 година, петгодишното девојче родило момче. Со оглед на тоа дека имала се уште неразвиена карлица, таа се породила со царски рез и анестезија.
Лекарот Емундо Ескомел случајот на ова девојче го проучил целосно и забележал дека на девојчето градите почнале да и се развиваат уште кога таа имала четири години, а коските за изнесување на бременост до крај, веќе созреале во петтата година.
Синот на Лина по раѓањето тежел 2,7 килограми и го добил името Герардо, според нејзиниот лекар. Детето растело во уверување дека Лина му е сеста, а дури кога навршил 30 години дознал дека таа му била сепак мајка. Израснал здрав но починал кога навршил 40 години од болест на коскената срцевина.
Лина никогаш не го открила идентитетот на своето дете, ниту пак околностите под кои забременила. Во извешталот на лекарот се наведува дека „Лина не била во можност да даде прецизни одговори“.
Подоцна, таткото на Лина бил уапсен под сомневање за силување и инцест, но бил ослободен поради недостиг на докази.
Најмладата мајка на светот подоцна се омажила за Раул Јуад кој станал татко на нејзиниот втор син во 1972 година. Тие живееле во сиромашниот кварт на Лима, познат како Мал Чикаго.