Уапсени 17 лица осомничени за шпионажа и злосторничко здружување - eReporter
eReporter | Независна Новинска Агенција - eReporter.com.mk
петок, септември 20, 2013 - 03:24
| | Големина на текст:   
| | | | | | |

Уапсени 17 лица осомничени за шпионажа и злосторничко здружување

СКОПЈЕ / 16.09.13 / 16:21
Вкупно 17 од 22 лица се уапсени во широка полициска акција наречена „Шпион“ што доцна синоќа и изутрината е спороведена во Скопје, под сомневање дека се вмешани во шпионажа, злчосторничко здружување, уцени и измами.

Полицијата потврди дека биле извршени претреси во домовите на осомничените при што биле одземени голем број комјутери, лаптопи, класифицирани досиеја, 32 мобилни телефони, мемориски картички, 16 парчиња огнено оружје, УСБ- стикови.

Портпаролот на МВР Иво Котевски соопшти дека 17 лица се уапсени, оти по три се трага, како и тоа дека двајца од осомничените се веќе на издржување казна затвор по друга основа.

Според Котевски, осомничените соработувале со странски безбедносни служби, оддавале државни тајни и класифицирани информации. Работеле и со уцени и измами, а дел од осомничените обезбедвуале податоци за лица од јавниот живот и бизнис заедницата и со закани изнудувале пари.

Двајца од притворените се вработени во Агенцијата за разузнавање, двајца во Собранието, а приведени се и актуелни и поранешни вработени во МВР и одбраната, Државниот архив, Управата за финансиско разузнување, но и во приватни фирми.

МВР потврдуви дека се уште се вршат претреси.

Инаку со притворените се уште се водат разговори и се очекува подоцна денеска тие да бидат изведени пред истражен судија.




| | | | | | | | |
Последни
Најчитани
Избор на Уредникот
powered by 1cm.com.mk - Web Development