Нимиц:Договор за името нема, Скопје и Атина на различни позиции по две прашања
СКОПЈЕ / 11.09.13 / 18:55
Договор за името повторно нема, оцени денеска посредникот во македонско-грчкиот спор Метју Нимиц по неговите посети во Атина и Скопје
Според него, остануваат две спорни точки околу кои Македонија и Грција не мкожагт да се согласат.
„Првото прашање околу кое не можат да се согласат двете земји е позицијата на географската одредница – Атина инсистира таа да е пред терминот Македонија, Скопје бара таа да остане пред терминот Република“, рече Нимиц по средбата со македонскиот премиер Никола Груевски.
„Мислам дека името мора да го содржи зборот Македонија затоа што оваа земја е во регионот Македонија. Но, таа не е целиот регион, Македонија е голема област и беше поделена пред 100 години. Најголемиот дел од Македонија е во Грција, па затоа мора да има одредница за да се појасни дека има разлика. Јас предложив таква одредница, а грчката страна има став околу тоа каде се наоѓа одредницата, а Владата тука има различен став за тоа и ова е значителна разлика“, објасни Нимиц.
Позитивно според Нимиц е што и двете страни прифатиле името да го содржи зборот Македонија, но и да има одредница.
Посредникот на ОН за разликите околу иметоп наведе дека второ прашање околу кое не се согласуваат Атина и Скопје е употребата на евентуалното ново име.
„Грција бара име за севкупна употреба, Македонија не се согласува со тоа“, рече Нимиц, наведувајќи дека предмет на преговорите е само името за официјална употреба – во меѓународни организации и на официјални документи, а не и начинот на кој земјата ќе се нарекува внатре.
„Моето име е Метју Нимиц и секогаш кога јас го употребувам моето име, го употребувам моето име. Не користам друго име. Тоа е нивната позиција. Но, тоа не значи дека кога зборувам со жена ми и таа мора да го користи името Метју Нимиц. Таа може да ме вика некако поинаку, знаете. Но официјалното име на документ е моето официјално име“, додава Нимиц.
Посредникот ги демантираше информациите кои се појавија во одредени медиуми дека неговиот предлог освен географска содржи и етничка одредница.
„Можам да ви кажам јасно дека никој од моите предлози нема „Славо“ или „Албанска“ или какава било друга етничка одредница во името. Јас сум предложил неколку географски модификации“, вели Нимиц.
Нимиц попладнево повторно се враќа во Солун, каде што е се сретне уште еднаш со грчкиот преговарач Василакис.
Тој потоа се враќа во Њујорк од каде ќесе состане со македонскиот преговарач Зоран Јолевски. Нимиц вели дека ќе остане во контакт со двајцата преговарачи, како што вели „под услов двете страни да сакаат да продолжат со процесот“.
Во тој случај следната можна средба со претставницина двете земји би била на маргините на состанокот на Генералното собрание на Обединетите нациии.