Елтон Џон имал секс со руски разузнавач - eReporter
eReporter | Независна Новинска Агенција - eReporter.com.mk
петок, септември 20, 2013 - 07:22
| | Големина на текст:   
| | | | | | |

Елтон Џон имал секс со руски разузнавач

ЛОНДОН / 17.09.13 / 21:17
Славниот музичар Елтон Џон кон крајот на 70-те годиниа од минатиот век имал сексуален однос со агент на КГБ, а Британецот и рускиот војник страстите ги разменувале на покрив од еден хотел, пишува „Обсервер“.

60-годишниот Елтон Џон имал интимен однос со агентот на руската разузнувачка служба КГБ ког бил задолжен да го шпионира за време на неговата музичка турнеја во тогашниот Советски сојуз.

Агентот бил задолжен да го следи секое движење на Елтон Џон, за подоцна двајцата да откријат оти му се наклонети на истиот пол.

„Бев во Русија 1979 година и знаев дека таму ќе ме ме следат постојано. Имав преведувач кој постојано беше покрај мене и на крајот завршив на покривот од хотел со него, каде имавме секс“, признал музичарот за весникот „The Observer newspaper".

Елтон Џон кој со својот партнер Дејви Фурниш има две деца, двегодишен син Захари и осуммесечниот Елајџа, во декември планира да ја посети Русија за да им даде поддршка на тамошните геј и лезбејски заедници кои во таа прилика ќе протестираат поради анти-хомосексуалните права и закони што ги спроведува државата.




| | | | | | | | |
Последни
Најчитани
Избор на Уредникот
powered by 1cm.com.mk - Web Development