Исланд се откажа од ЕУ, ИПА фондовите блокирани - eReporter
eReporter | Независна Новинска Агенција - eReporter.com.mk
петок, септември 20, 2013 - 07:22
| | Големина на текст:   
| | | | | | |

Исланд се откажа од ЕУ, ИПА фондовите блокирани

РЕЈКЈАВИК / 13.09.13 / 00:07
Исланд и формално ги прекина преговорите за членство во Европската унија, на што Брисел одговори со запирање на помошта од предпристапните фондови, соопшти исландскиот шеф на
дипломатијата Гунар Браги Свеинсон.

„Го распуштивме тримот и преговарачките групи и повеќе нема да биде одржан ниту еден самит. ЕУ реши дека повеќе нема да ги дотира ИПА програмите од предпристапната помош“, изјави Свеинсон во парламентот.

Исланд од овие фондови годишно добивал нешто помалку од 6 милиони евра, чиј губиток не претставува некое големо оптоварување за оваа мала, но богата островска земја.

Заради споредба, од 640 милиони евра колку и стоеја на располагање на Македонија од ИПА-фондовите наменети за олеснување на процесот на пристапување на земјата во ЕУ, до јули беа склучени конкретни договори за 123 проекти во вредност од 190,2 милиони евра.

Одлуката на Исланд за повлекување на кандидатурата за членство во ЕУ беше најавена претходно годинава откако власта на островот ја презедоа умерено десните евроскептици.




| | | | | | | | |
Последни
Најчитани
Избор на Уредникот
powered by 1cm.com.mk - Web Development