Уапсени поранешни функционери на МВР, авторот на „Еднооки“... - eReporter
eReporter | Независна Новинска Агенција - eReporter.com.mk
среда, септември 18, 2013 - 19:57
| | Големина на текст:   
| | | | | | |

Уапсени поранешни функционери на МВР, авторот на „Еднооки“...

СКОПЈЕ / 16.09.13 / 13:19
Најмалку петнаесет лица, меѓу кои поранешни полициски функционери се уапсени денеска во голема полициска акција, јавија повеќе портали.

Меѓу уапсените, според порталот Република, се портапролот на ВМРО-Народна партија и поранешен директор на Агенција против перење пари Ване Цветанов, потоа полицискиот генерал и поранешен командант на единицата за брза интервенција „Лавови“ Горан Стојков , како и Ацо Диневски, поранешен агент на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање.

Полицијата изутрината ги привела и режисерот Борис Дамовски, продуцент и автор на анимираниот филм „Еднооки“ и Марјан Маџовски, шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието од 2005 година.

Маџовски, според информациите на порталот Плусинфо, бил уапсен пред Собранието од полицајци во цивилна облека.

Официјални информации за тоа зошто е спроведена акцијата и причините поради кои се уапсени овие лица, се уште нема.

Со приведените, според наводите на порталите, разговараат припадници на МВР во неколку полициски станици.

Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека дека со приведените се разговара, а повеќе детали најавуваат за подоцна во текот на денот.

Дел од уапсените, според неофицијални наводи, биле приведени под сомнение дека сториле кривични дела шпионажа и злосторничко здружување.








| | | | | | | | |
Последни
Најчитани
Избор на Уредникот
powered by 1cm.com.mk - Web Development