Паркобраните од пред Бристол приведени, па ослободени - eReporter
eReporter | Независна Новинска Агенција - eReporter.com.mk
петок, септември 20, 2013 - 07:22
| | Големина на текст:   
| | | | | | |

Паркобраните од пред Бристол приведени, па ослободени

СКОПЈЕ / 12.09.13 / 12:24
Единаесетмина активисти, познати како „Паркобрани“ што кампуваат на плацот пред хотелот „Бристол“, биле приведени, па ослободени во текот на ноќта,тврдат членови на оваа граѓанска иницијатива.

Според порталот „24 вести“, големата полициска акција се случувала синоќа околу 01,00 часот, во паркот спроти хотелот „Бристол“.

Еден од приведените, Александар Ѓочев за Радио Слободна Европа изјавил дека при апсењето не им била соопштена причината зошто се уапсени.

По пет часови минати во полициска сраница тие биле ослободени, а од таму си заминале со прекршочни пријави за нарушување на јавната чистота.

Според него, во акцијата учествувале 400 припадници на полициските сили.

Официјална информација од надлежните за ова се уште нема.

Порталот „Нова“ јавува дека во тек е полициската опсада околу хотелот Бристол во центарот на Скопје во обрач од 50-тина метри.

Околу 200 припадници на единиците за брзо распоредување го имаат обиколено просторот каде што изминатите денови Паркобраните ги чуваа дрвата од нив .

Обрачот не може да го минат ниту новинарските екипи, а отежнато е и движењето на граѓаните поради поставените полициски барикади. Местото каде треба да се издигне новата барокна зграда на Советот за Радиодифузија е заградено со метални паравани.

Порталот објавува дека со полициска наредба и бил избришан дел од видео материјалот на репортерот на „Нова“ со образложение дека било забрането да се снимаат полицајци во униформа.



| | | | | | | | |
Последни
Најчитани
Избор на Уредникот
powered by 1cm.com.mk - Web Development